КОЛУМНА: ЗОКИ, ДРАГИ И КАМЕНОТ НА МУДРОСТА

КОЛУМНА: ЗОКИ, ДРАГИ И КАМЕНОТ НА МУДРОСТА

Уште еден четврток и време е за нова колумна и пресек на настаните кои најмногу оставија впечаток. Се мислев, се думав од каде да почнам и како да ги зафатам работиве со скандалите кои секојдневно нѐ опкружуваат и навистина не знаев кој крај да го фатам, ама ќе почнам од најтазе слученото.

Драги Рашковски е во притвор во Шутка, итоа ни помалку ни повеќе, откако му дадоа неколку дена дома да ги потсреди работите кои можат да се средат и малку од малку да ги ублажи работите кои му претстојат.

Повеќе луѓе со кои разговарав деновиве ме прашаа зошто Рашковски воопшто се вратил од Мексико и како воопшто Драги си дозволил ваков пропуст за да го фатат жив. Епа најпрво и за да се најјасни работите, да им образложам на тие кои не го познаваат Драги Рашковски, дека се работи за човек кој има тежок его-трип и кој за себе смета дека е најпаметен, а сите други дека се малоумен шлајм. Неговата комфорност во власта, неговиот замислен феноменален интелект, проследен со комплекс на супериорност, не се само работите поради кои Драги се врати од Мексико… Се чини дека Зоки ги пушта полека низ вода сите околу него за да го заштити сопственото столче, исто како што ги пушти низ вода пред 2 недели командирите и транспортерите на марихуаната, а истото ќе се провлече и за други раководители на јавни функции. Некои дури зборуваат дека успеал да го надигра и озогласениот Сашо, не пак за Драги ќе се мисли.

Луксузот на Рашковски се протега на повеќе полиња и тоа, луксузни хациенди, коли, мотори, станови, хај-тек опрема и што ли уште не… И Драги царов тврди дека тоа е се или поклон од успешен владин хонорарец или од неговите деца (колку и да не сакам да ги мешам, самиот ги стави во кашава)… Е за сето ова кое се случува во Владата и неговиот луксузен живот, ништо ама баш ништо, не знае неговиот добар другар и премиер Зоран Заев. Човекот со кого заедно се возеа на АТВ и со мотори и со кого малтене, секојдневно се дружат, да ти немал појма дека Рашковски набавил софтвер од фрапантни суми. Ама како што кажав и во минатата колумна, не е проблемот во цената на софтверот, примарно е проблемот на чинењето на одржувањето на тој софтвер, кој патем и не се користи.

Рашковски пред да ја напушти функцијата на генерален секретар на Владата, успеал да потпише лиценци за одржување на софтвери во вредност од околу 1.000.000.000 денари, близу 17.500.000 евра. Големи сте, можете сами да ја направите математиката колкава би можела да е „наградата“ која Рашковски ќе си ја прибере од вакви фрапантни суми.

Ајде сега продумајте се и кажете ми дека Заев за ништо од ова појма немал дека се случува? Тогаш, ако не знаел дека вакви работи му се случуваат под носот, замислете ја неговата неспособност. Замислете ова е пред 9 месеци, ниту Заев, ниту никој од Владата не постапуваше по потписот од милијардата на Драги, а Чавков го осудија на 18 години затвор, за непостапување од 18 минути… Фер и правично судство за сите очигледно… Одговорност никаде…

И додека Заев се храни со златен прибор, Рашковски летува во Мексико и прави милионски договори, луѓе не можат крај со крај да врзат со минималец, живеат под небо, јадат на 3 дена… А ние, народов гревен, закрвени од политиката на закрвавуње која ја почна Заев, ќе чекаме судски процес за Рашковски и ќе викаме „еве се судат“, „нека окапит в затвор чим крадел“ и ќе чекаме пресуди за да кажеме дека „убо му се стори“… Закрваени дека се се судит и се е пред суд, а и судиите и обвинителите наштеловани… Чекајте си…

Тука привршувам и ќе направам неколку други поенти кои вие како читатели би сакал да ги размислите.

Прво, Заев денеска јавно и јадро наложи директорите да ги примаат кандидатите по „Рамковен“ и да не прават опструкции во вработувањата. Изјавата не е така наивна и глупава, изјавата е во конотација на одржувањето на климавото собраниско мнозинство. Примањето по „Рамковен“ уште помалку е наивно, прашајте ги албанците кои не се членови на ДУИ дали можат да се доближат до работно место, па ќе разговараме.

Второ, Мила Царовска денеска даде изјава дека родителите кои НЕ САКААТ децата да им учат од електронските учебници, ДА СИ ГИ ИСПЕЧАТАТ… Малоумноста на оваа изјава нема мерка.. Печатењето на тие учебници ќе падне на товар на родителите, а не зборуваме за печатење на 30 страни, туку за цели учебници и 12-13 предмети. Нека и пренесе некој на Мила дека во Македонија 80% од народот живее на минималец и немаат сите сопрузи кои фаќаат државни тендери да си дозволат што ќе им падне на памет. Сите деца треба да се третирани еднакво и да имаат исти можности. И додека ВМРО-ДПМНЕ ги направи бесплатно образованието и учебниците, Мила се обидува да глуми иновативна и да им наметне на сите да се дигитализираат, а со тоа и да им наметне трошоци на сите родители… Еве јас да ја прашам, дали ти, Мила Царовска, си подготвена лично да ги сносиш трошоците за печатење на учебниците за сите деца кои немаат компјутер или уште подобро да им купиш по еден лаптот? Не мора скап, ист како тие кои им ги дававте во собрание и во влада, ама не на државна сметка, ти лично.

Трето, како резултат на блескавата економија и раководењето на оваа Влада со економијата, маслото и горивата достигнаа пренајпреубај цени, а следно се месото и сувомеснатите производи. Во најава е поскапување на месото и месните производи од дури 40%… Ако килограм месо чинеше 300 денари, сега ќе е 420… Сами знаете колкава ви е платата, па преесапете.

И четврто и за мене можеби најважно, во недела, на 25-ти ќе се одржи протест за единствените луѓе кои во последниве 19 години имаа храброст да застанат во одбрана на државата. За луѓе кои се осудени на драконски казни и за тероризам, затоа што застанаа во одбрана на Македонија. Овој протест, доколку наиде на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ (кои ги пуштија низ вода толку многу пати овие луѓе, а мораше да се нивната единствена закрила), најавува промена на работите и будење на ВМРО-ДПМНЕ од хибернацијата во која е западната. Хибернација на работење само преку 25 соопштенија дневно, а не на терен, не помеѓу луѓето, не со своите граѓани. Принципот на соопштенија и препукувања никогаш не бил одлика на ВМРО-ДПМНЕ, таа е народна партија, партија на луѓето, а не елитите…. Конзервите, брадосаните, некапените… Македонскиот народ, мора и треба да застане во одбрана на своите уставобранители.

Останете ми со добра мисла и со здравје!

Срдечен поздрав,
Филип Ѓоршовски

Ставот на авторот не е став на порталот Дознај.мк

Фото: J. K. Rowling

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *