НАЈВИСОКАТА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ДРЖАВАВА Е 70.942 ДЕНАРИ

НАЈВИСОКАТА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ДРЖАВАВА Е 70.942 ДЕНАРИ

Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика, просечната нето плата за месец февруари изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани. Порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа: Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен(7.5 %).

Највисоката просечна плата во износ од 70.942 денари, за февруари, убедливо на врвот се информатичарите и консултантите.

По информатичарите следуваат уште неколку професии:

  • компјутерско програмирање, консултантски услуги 70.942 денари;
  • фармацевтска индустрија 46.720 денари;
  • снабдување со електрична енергија и гас 41.443 денари;
  • воздухопловен транспорт 43.372 денари;
  • телекомуникации 41.742 денари;
  • финансиско услужни дејност 45.140денари;
  • стручни научни и технички дејности 55.895 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *