НОВИ БЛЕСКАВИ ПАРТИИ НА ЈОКИЌ И ДОНЧИЌ, ПАДНАА ПОРТЛАНД И ДЕТРОИТ

НОВИ БЛЕСКАВИ ПАРТИИ НА ЈОКИЌ И ДОНЧИЌ, ПАДНАА ПОРТЛАНД И ДЕТРОИТ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најзаслужен за триумфот на Денвер над Портланд од 106-105, додека Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа против Детроит од 127-117. Српскиот „џокер“ 25 поени, девет скокови и пет асистенции.


Атланта по продолженија беше поразена кај Њујорк (127-137), а српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ постигна 20 поени. Клинт Капела постигна 25 поени и 22 скокови за Атланта, а кај Њујорк најдобар беше Рандл со 40 поени и 11 скокови.

Далас предводен од Дончиќ го доби Детроит со 127-117.
Словенскиот дијамант постигна 30 поени, 10 скокови и девет асистенции. Кај противникот најефикасен беше Грант со 26 поени.

Резултати:

Кливленд – Чикаго 121-115
Индијана – Оклахома 122-116
Филаделфија – Феникс 113-116
Торонто – Бруклин 114-103
Вашингтон – Голден Стејт 118-114
Хјустон – Јута 89-112
Сан Антонио – Мајами 87-107
Клиперс – Мемфис – 117-105
Сакраменто – Минесота 128-105

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *