НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НА РАБОТА, А ЗЕМАЛ ПЛАТА 15 ГОДИНИ

НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НА РАБОТА, А ЗЕМАЛ ПЛАТА 15 ГОДИНИ

Човек вработен во локалната здравствена установа во калабрискиот град Катанзаро, добивал редовна плата 15 години без да се појави на работа во одделот за итни случаи во случај на пожар, а заработил повеќе од половина милион евра.

Ова станало познато откако при проверка на картичките за присуство, полицијата утврдила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не се појавил на работа за која земал редовна плата. Но, како успеал во тоа?

Салваторе повеќепати испраќал „трето“ лице кое им се заканувало на шефовите, колегите и членовите на нивните семејства доколку не му дозволат на Салваторе да не работи и да зема плата. Обвинителството ги истражува деталите, а покрај него обвинети се уште шест вработени во здравствената установа, меѓу кои и двајца шефови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *