ПО НЕУСПЕХОТ СО РОМАНИЈА, СИМОВСКИ ОСТАНА БЕЗ СЕЛЕКТОРСКОТО МЕСТО

ПО НЕУСПЕХОТ СО РОМАНИЈА, СИМОВСКИ ОСТАНА БЕЗ СЕЛЕКТОРСКОТО МЕСТО

Ракометната федерација на Македонија и селекторот Симе Симовски совзаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции. Симовски беше на функцијата во периодот од септември 2015 година до април 2021 година.

Во наредниот период, од РФМ ќе го назначат и наследникот на женската ракометна репрезентација. Македонија за малку го пропушти пласманот за СП по убедливите порази од Романија со 33:22, односно 20:35.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *