РЕЖИСЕРОТ РОБ ЗОМБИ РАБОТИ НА НОВ ХОРОР ФИЛМ

РЕЖИСЕРОТ РОБ ЗОМБИ РАБОТИ НА НОВ ХОРОР ФИЛМ

Роб Зомби подготвува нов филм базиран на култната комична хорор серија “The Munsters”, која беше прикажана на телевизија во средината на 1960-тите.

Снимањето на филмот е планирано за следниот месец во Будимпешта, а очигледно “The Munsters” ќе се прикажува исклучиво на платформата за стриминг „Peacock“. Неофицијално, буџетот за снимање на филмот е помеѓу 30 и 40 милиони долари. Роб Зомби, основач на хеви метал групата „White Zombie“, е познат како режисер на хорор филмови кои се крајно насилни и вулгарни: “3 from Hell”, “The Lords of Salem”, “Halloween II”, “Halloween”, “The Devil’s Rejects”, “House of 1000 Corpses”.

Сепак, има многумина изразија желба да ја гледаат неговата верзија од култната серија “The Munsters” за едно изопачено, но чесно семејство. Серијата имала 70 епизоди, емитувани во текот на три сезони, од 1964 до 1966 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *