РОВЕРОТ „PERSERVERANCE“ ПРОИЗВЕДЕ КИСЛОРОД ОД ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД НА МАРС

РОВЕРОТ „PERSERVERANCE“ ПРОИЗВЕДЕ КИСЛОРОД ОД ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД НА МАРС

Инструмент кој беше на роверот „Perserverance“ произведе кислород од јаглероден диоксид од атмосферата на Марс. По летот со хеликоптер на Марс, ова е втората успешна иновација и технолошка демонстрација на мисијата на НАСА.

„Мокси“ е инструмент со големина на тостер и произвел пет грама кислород колку што на астронаут му е потребно за да може да дише околу десет минути на Марс. Со ова, идните човечки мисии на Марс би можеле да се снабдуваат со кислород преку големи верзии на „Мокси“, наместо тој да се носи од Земјата.

Атмосферата на Марс е составена од 96% јаглероден диоксид, а има само 0,13% кислород. Инструментот е способен да соголува атоми на кислород од молекулите на јаглероден диоксид, а како отпад се добива јаглероден моноксид кој се испушта во атмосферата на Марс. Од НАСА очекуваат тој да произведува десет грама кислород за еден час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *