РУСИЈА ГИ ОТПОВИКА ВОЈНИЦИТЕ ОД ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА

РУСИЈА ГИ ОТПОВИКА ВОЈНИЦИТЕ ОД ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА

Русија ѝ нареди на Врховната воена команда утре да започне со повелкување на војниците од нивните постојани бази во земјата, со образложение дека успешно е извршен „брзиот преглед“ на состојбата на силите на југ и запад, близу границата со Украина.

„Верувам дека целите за брз преглед на состојбата на воените сили се целосно постигнати. Војниците ја покажаа својата способност да обезбедат кредибилна одбрана за земјата“,

изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу

Тој додаде дека војниците би требало да се вратат во своите бази до 1. мај. По набљудувањето на воените вежби во Крим, Шојгу рече дека армијата е спремна експресно да одговори во случај на „неповолен“ развој на настаните во рамките на воената вежба на НАТО – „Бранител на Европа.

Мултинационалната воена вежба „Бранител на Европа“ е годишна воена вежба предводена од американската војска, а нејзината цел е да изгради подготвеност и интероперабилност помеѓу американските и другите војници на НАТО, како и другите партнери. Од март до јуни, повеќе од 28.000 војници од 26 земји ќе спроведат вежби во повеќе од 30 области за обука во десетина земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *