ЗАЕВ: ИСТРАГАТА ЌЕ ГИ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО РАШКОВСКИ

ЗАЕВ: ИСТРАГАТА ЌЕ ГИ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО РАШКОВСКИ

Никој не е над законот, ниту е заштитен зашто е носител на некоја функција, но никој не е ниту виновен додека тоа не се докаже, повтори денеска премиерот Зоран Заев во врска со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Заев истакна дека за сите важат контролните механизми, па така и за функционерите.

„Прво е Државен завод за ревизија, второ е Антикорупциска комисија која ја има под мониторинг Владата, на крајот се истражните органи, Јавното обвинителство, судовите. Постојат контролни механизми, сигурно има и други институции надлежни во однос на јавните институции. Така и за генралниот секретар. Тој не е ни повеќе ни помалку од останатите. Се прават редовни, но и ад-хок контроли. Во Владата многу често е присутна контрола за економски криминал, зашто јавноста бара, присутна е контрола за организиран криминал, а постојано истражува и Антикорупциска“, истакна Заев, одговорајќи на нвоинарско прашање по посетата на американската компанија „Кемет Електроникс”.

Според него, транспарентноста и отвореноста на Владата која им овозможува увид на сите, не само на новинарите, денес е огромна предност за земјата.

-„Ве повикувам да го прочитате Деловникот за работа на Владата и Законот за Влада. Ќе ги видите јасно опишани надлежностите на генералниот секретар. Тој управува со Владата, владиниот Кабинет и со Генералниот секретаријат. Од тука може да се види од каде се црпат надлежностите за одредени постапки како софтверски решенија, анализи, студии, набавки на опреми“, објасни Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *