КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕНЕС И УТРЕ?

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕНЕС И УТРЕ?

Времето денес во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, а околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Oд недела ќе следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *