ТОТЕНХЕМ ПАК ОСТАНА БЕЗ ТРОФЕЈ, СИТИ ГО ОСВОИ КАРАБАО КУПОТ! (ВИДЕО)

ТОТЕНХЕМ ПАК ОСТАНА БЕЗ ТРОФЕЈ, СИТИ ГО ОСВОИ КАРАБАО КУПОТ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Карабао Купот, откако на „Вембли“ минимално го победија Тотенхем (1-0). „Петлите“ предводени од Мејсон како привремено решение по заминувањето на Жозе Мурињо, немаа сили да го изненадат лидерот и веројатно идниот шампион на Англија.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Сити беше подобар, Фоден во два наврати уште на стартот можеше да донесе предност, а по него се закануваше и Марез. Тотенхем беше инфериорен, само Манчестер Сити беше тимот кој се закнуваше, но Љорис го бранеше својот гол.

Отпорот на лондончани го скрши Емерик Лапорт, во 82. минута донесе предност по центаршут од слободен удар и со глава ја стресе мрежата за 1-0. Во продолжението Тотенхем повторно не успеа да се врати, а Марез погоди до крајот но голот не важеше поради офсајд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *