ИТАЛИЈАНСКИ КЛУБОВИ БАРААТ КАЗНИ ЗА ЈУВЕНТУС, МИЛАН И ИНТЕР

ИТАЛИЈАНСКИ КЛУБОВИ БАРААТ КАЗНИ ЗА ЈУВЕНТУС, МИЛАН И ИНТЕР

Серија А е бесна на т.н. „суперлигаши“ и бара да бидат казнети Јувентус, Милан и Интер. Нивниот гнев доаѓа откако најдобрите италијански тимови беа подготвени да се „одделат“ и заради пари да ги остават на цедило тимовите на Апенините. Сега 11 тима започнуваат правна борба против овие три гиганти.

11-те клубови се Рома, Торино, Болоња, Парма, Џенова, Каљари, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто и Кротоне, потпишаа писмо во кое изразуваат потреба да се свика итен состанок. Во соопштението се наведува дека трите клуба всушност го развиле и потпишале проектот „Суперлига“, дејствувајќи во тајност од другите членови и највисоките институционални тела на италијанскиот спорт и направија и сериозна штета на целата лига и италијанскиот фудбалски систем.

На Јувентус, Интер и Милан воедно им се забележува и затоа што сè уште не се официјално повлечени од проектот „Суперлига“, а потписниците на изјавата бараат санкции со образложенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *