КРЕИРАН ПРВИОТ 3Д ИСПЕЧАТЕН ПАНКРЕАС

КРЕИРАН ПРВИОТ 3Д ИСПЕЧАТЕН ПАНКРЕАС

Компанијата Readily3D со нејзината најнова технологија може конечно да стави крај на дијабетесот, се вели во објавата на официјалната веб страница на Федералната политехничка школа на Лозана. Тие развија нов систем способен за печатење биолошко ткиво за само 30 секунди.

Благодарение на оваа технологија може да се стави крај и на експериментирањето над животните кога доаѓа збор за тестирањето нови лекови. Процесот на дизајнирање на 3Д печатен панкреас почнува со проѕирна форма на екранот на компјутер, а целиот процес трае 30 секунди за печатење на ткиво со крвни садови, а сето тоа од мал примерок на матични клетки.

Токму оваа иницијатива беше избрана за Enlight, чија цел е креирање на функционален модел на човечки панкреас со цел тестирање лекови за дијабетес. Панкреасот е еден од клучните органи кој врши многу функции како производство на биокарбонати или ензими потребни за дигестија, како и излачување повеќе хормони како инсулинот, кој го регулира нивото на шеќер во крвта.

Повеќе од 450 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а од нив 60 милиони живеат во Европа. Околу 4,4% од популацијата на Швајцарија ја има таа болест. Освен тоа, тој број постојано се зголемува и во Европа и во светот. Како втора најчеста причина за ампутација на делови од телото, дијабетесот 9 пати го зголемува ризикот од мозочен или срцев удар и е број еден причина за слепило кај возрасните луѓе.

Бенефитите од биопечатениот панкреас се повеќекратни. Таквиот панкреас ќе може потполно да се прилагоди на матичните клетки на пациентите и нема да има потреба од тестирање на животни, како и елиминирање на процесот на експериментални лекови, од кои можат да се појават непријатни појави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *