ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ХОРОР ИГРИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА БЕСПЛАТНА НА „EPIC GAMES“

ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ХОРОР ИГРИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА БЕСПЛАТНА НА „EPIC GAMES“

„Epic Games Store“ секои седум дена ги радува своите корисници со барем една бесплатна игра, а оваа недела таа игра е една од најдобрите хорор ремек-дела кои некогаш се појавиле во гејминг индустријата. Станува збор за „Alien Isolation“, неверојатна хорор креација која ве става во чевлите на член на екипаж, кој е заглавен на вселенски брод, заедно со „зеноморф“, вонземно суштество кое верувам дека ви е добро познато од филмската франшиза „Alien“, која доби историско и култно значење во филмската индустрија во последниов половина век.

Не знам дали споменав, од екипажот само вие сте останат жив, така што ќе треба многу пот, трпение, претрпен страв, тензија, притисок и паника за да успеете да го совладате ова чудовиште, физички и ментално. Не можете да примените сила бидејќи сте буквално немоќен во однос на овој ѕвер, така што ќе треба да го користите умот за да успеете да го совладате и да испловите како победник на тоа неверојатно тактичко хорор надмудрување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *