ВИДЕО: ЧЕЛЗИ ОДИГРА ХРАБРО, РЕМИ НА „СИНИТЕ“ КАЈ РЕАЛ!

ВИДЕО: ЧЕЛЗИ ОДИГРА ХРАБРО, РЕМИ НА „СИНИТЕ“ КАЈ РЕАЛ!

Фудбалерите на Реал Мадрид и Челзи одиграа реми од 1-1 (1-1) во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Сините“ изненадија, тргнаа многу храбро и први поведоа, ама искуството на Бензема донесе израмнување. На „Алфредо ди Стефано“ паѓаше силен дожд, па и покрај офанзивниот пристап двата тима немаа целосна можност да уживаат во играта.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Избраниците на Тухел го изненадија Реал со добрата игра на стартот. Офанзивно и без преголем респект Челзи тргна по гол во Мадрид. Огромна шанса промаши Тимо Вернер, откако доби „сервирана“ топка на пет метри од голот, ама биеше близу до Куртоа кој му го одбрани ударот. Предноста на „сините“ беше дело на Кристијан Пулишиќ во 14. минута (0-1). Американецот доби топка низ одбраната од Рудигер, го покажа својот талент и добро издрибла, а го мина и Куртоа пред да реализира.

Реал бргу по примениот гол се консолидираше и натпреварот доби одлично темпо со брзи акции, контри и многу возбудувања. Откако „кралевите“ притиснаа, дојдоа и до израмнување преку Карим Бензема. Французино доби нафрлување од корнер ја прими топката на гради и одлично реализира во пад за 1-1 во 29. минута. Пред полувремето дождот се засили и темпото на игра падна.

По полувремето иако Зидан и Тухел тргнаа попретпазливо, резервистите беа најрасположени за игра. Еден Азар доби 25 минути против својот поранешен клуб, но не успеа да направи ништо значајно за своето време на теренот. Опасен по голот на Реал беше Хаким Зијеч, ама тој немаше поддршка од соиграчите и мрежите до крајот мируваа.

Реванш дуелот од ова полуфинале ќе се одигра за осум дена на „Стемфорд Бриџ“, а Челзи со одличен резултат ќе го дочека Реал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *