ЈОКИЌ НЕЗАПИРЛИВ, ДОНЧИЌ ЕДВАЈ ПРОПУШТИ ПОБЕДА

ЈОКИЌ НЕЗАПИРЛИВ, ДОНЧИЌ ЕДВАЈ ПРОПУШТИ ПОБЕДА

Никола Јокиќ покажува феноменална игра и покажува зошто токму тој би требало да биде меѓу главните во трката за МВП оваа сезона. Центарот на Денвер Нагетс имаше уште една феноменална вечер каде придонесе во победата на својот тим над Мемфис со 120:96. Со нов дабл-дабл, Јокиќ забележа 24 поени и 15 скокови.

Покрај него блескаше и Мајкл Портер кој постигна 31 поен и седум скокови. Во редовите на Мемфис најдобар беше Џа Морант со 27 поени.

Далас едвај пропуштија трета победа во низа откако загубија од Сакраменто со 106:103. Дончиќ повторно имаше феноменална ноќ, каде запиша 24 поени, но „кралевите“ беа пресилни. Во редовите на Сакраменто најодговорни за триумфот беа Ришан Холмс со 24 и Харисон Барнс со 19 постигнати поени.

Лејкерс конечно се израдуваа на победа со триумф над Орландо од 114:103. Последната четвртина го одлучи натпреварот, а „езерџиите“ ја добија со 35:23. Најефикасен беше Денис Шрудер со 21 поен и 10 асистенции, како и Ентони Дејвис кој постигна 18 поени.

Расл Вестбрук индивидуално играше на уште една средба, но не беше доволно да ја донесе победата за Вашингтон кои загубија од Сан Антонио со 146:143. На овој натпревар, Вестбрук го забележа 29. трипл-дабл оваа сезона, постигнувајќи 22 поени, 13 скокови и 14 асистенции. Во редовите на Сан Антонио најрасположен беше Демар Дерозан со 37 поени и 10 асистенции.

НБА Резултати

Детроит – Атланта 100:86
Филаделфија – Оклахома сити 121:90
Њујорк – Феникс 110:118
Торонто – Кливленд 112:96
Мајами – Чикаго 102:110
Минесота – Јута 105:104
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 120:103

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *