ПРЕТПЛАДНЕ ВРНЕЖЛИВО, ПОПЛАДНЕ СОНЧЕВО СО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

ПРЕТПЛАДНЕ ВРНЕЖЛИВО, ПОПЛАДНЕ СОНЧЕВО СО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Наутро во Македонија ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје  наутро со услови за повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен. Маврово 14, Охрид 18, Битола 24, Крива Паланка 20, Берово 17, Кавадарци и Дојран 22.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *