ПРЕТПЛАДНЕ СОНЧЕВО, ПОПЛАДНЕ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ГРМЕЖИ

ПРЕТПЛАДНЕ СОНЧЕВО, ПОПЛАДНЕ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ГРМЕЖИ

Денес претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 22 степени.

Утре ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Денес во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на топла воздушна маса од југ во следните денови ќе има значително затоплување со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени. Во ноќта кон недела и во недела претпладне во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *