ЈОКИЌ ВО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА СПАСИ ПОБЕДА ЗА ДЕНВЕР, ЛЕЈКЕРС ПОВТОРНО ПОРАЗЕНИ

ЈОКИЌ ВО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА СПАСИ ПОБЕДА ЗА ДЕНВЕР, ЛЕЈКЕРС ПОВТОРНО ПОРАЗЕНИ

Никола Јокиќ продолжува да го носи тимот на Денвер Нагетс на својот грб откако во дуелот против Њу Орлеанс, во последните секунди запиша блок над Зајон Вилијамсон. Со ваквиот потег, тимот на Денвер славеше на домашен терен со 114:112.

Покрај својата феноменална одбрана, српскиот кошаркар блескаше и во нападот забележувајќи 32 поени, осум асистенции и седум скока.

Лејкерс за жал нема да можат да се радуваат на повеќе победи откако повторно беа поразени од тимот на Вашингтон. Шампионите се во загрижувачка форма и знак прашање е дали воопшто се во трката за титулата оваа година. Тимот на Атланта одиграа ужасно и си заминаа од Филаделфија со огромен пораз.

НБА Резултати

Кливленд – Орландо 104:109
Филаделфија – Атланта 127:83
Бостон – Шарлот 120:111
Њујорк – Чикаго 113:94
Вашингтон – ЛА Лејкерс 116:107
Мајами – Сан Антонио 116:111
Денвер – Њу Орлеанс 114:112
Мемфис – Портланд 109:130
Феникс – ЛА Клиперс 109:101
Сакраменто – Јута 105:154

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *