ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД ГОСТИВАР, ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН ВО НЕГОВОТО ВОЗИЛО

ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД ГОСТИВАР, ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН ВО НЕГОВОТО ВОЗИЛО

На 28.04.2021, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар лишен е од слобода С.Б.(58) од Гостивар.

Имено, при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *