ПЕНДАРОВСКИ: ОБВИНЕТИТЕ ОД 27 АПРИЛ ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕ, НЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ

ПЕНДАРОВСКИ: ОБВИНЕТИТЕ ОД 27 АПРИЛ ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕ, НЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ

Луѓето кои влегоа во Собранието на 27 април не се терористи и казните се преголеми, поради што треба да има повторно отворање на случајот, рече вчера претседателот Стево Пендаровски во Само интервју на канал 5.

„Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа“, нагласи Пендаровски.

Пендаровски смета дека треба да одговараат тие што физички напаѓаа луѓе треба, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу.

„На Мицкоски изјавата беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот. За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури“, рече Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *