ПРАЗНИКОТ ГИ ИСПРАТИ СКОПЈАНИ НА ВОДНО (ФОТО)

ПРАЗНИКОТ ГИ ИСПРАТИ СКОПЈАНИ НА ВОДНО (ФОТО)

Велигденските празници се идеален период за поминување драгоцено време со фамилијата и најблиските, како во домот, така и во природа. Најпрактичното и најизводливо место за бегство во природата за скопјани е секако златно Водно, белите дробови на оваа наша скопска котлина.

Со дечињата и домашните миленици, фамилиите ги запоседнаа клупите и летниковците на Средно Водно,уживајќи во прекрасниот топол пролетен ден. Птичките ги пеат своите мелозвучни мелодии, бубачките зујат во симфониите на природата, а џагорот на децата и насмеаните лица ја комплетираат целокупната празнична слика.

Вдишете длабоко, помолете се за вашето здравје и бидете среќни што сте сега, овде, тука, со оние кои најмногу во значат, во најубавите христијански празници во годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *