ПРИСТИГНАА 200.000 ВАКЦИНИ ОД „СИНОФАРМ“

ПРИСТИГНАА 200.000 ВАКЦИНИ ОД „СИНОФАРМ“

Пристигнаа 200.000 вакцини од кинеската компанија Синофарм. Пред поликлиниката Јане Сандански ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Кина во Република Северна Македонија н.е. Џанг Ѕуо.

Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм“, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението.

Ова се првите дози од оваа вакцина, откако во нашата земја претходно дојдоа вакцини на Фајзер, Астра Зенека и Спутник В.

Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните уверуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.

 „Се се спроведува во најдобар ред, и правилно се распределуваат вакцините согласно стратегијата – најголем дел за повозрасните граѓани и еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура“,

посочи вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *