ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕР ДОЖД, УТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 33 СТЕПЕНИ

ПОПЛАДНЕ И ВЕЧЕР ДОЖД, УТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 33 СТЕПЕНИ

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 23, Битола 27, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци 29, Дојран 31.

Утре времето че биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови претежно на запад ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 33 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *