НА АНТАРКТИКОТ НЕКОГАШ ПОСТОЕЛЕ ПРАШУМИ

НА АНТАРКТИКОТ НЕКОГАШ ПОСТОЕЛЕ ПРАШУМИ

Научниците со бушење на морското дно во близина на Антарктикот дошле до заклучок дека на тој континент некогаш се наоѓале прашуми. При испитувањето на примероците од морското дно пронајден е фосилизиран полен, за кој научниците тврдат дека тука можел да дојде само од некоја блиска прашума.

Кевин Велш, австралиски палеоклиматолог, изјави дека со анализа на седиментите утврдено е дека температурата на Антарктикот пред 52 милиони години, поточно во периодот на Еоцен, во текот на зимата изнесувала околу десет степени, а во текот на летото до 25 степени Целзиусови.

„Постоеле шуми, немало мраз и температурите биле многу повисоки отколку што се сега. Тоа е изненадувачки, бидејќи сликата која ние ја имаме за Антартикот е сосема поинаква“, вели Велш.

Според неговите зборови такви услови на Антарктикот имало благодарејќи на високото ниво на јаглерод диоксид во воздухот.

Велш предупредува дека Антарктикот наскоро би можел повторно да остане без мраз.

„Тешко е да се каже кога тоа ќе се случи бидејќи зависи од луѓето, владите и нивните чекори кои ќе ги преземаат. Тоа навистина зависи од тоа колку во иднината ќе има емисија на гасови“, вели научникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *