БАРСЕЛОНА ГО ПОСТАВУВА ПРВИОТ СОЛАРЕН ТРОТОАР ВО ШПАНИЈА

БАРСЕЛОНА ГО ПОСТАВУВА ПРВИОТ СОЛАРЕН ТРОТОАР ВО ШПАНИЈА

Градскиот совет на Барселона го инсталираше првиот фотоволтаичен тротоар во Шпанија како дел од обидот на градот да стане зона слободна од јаглероден диоксид до 2050 година. 50 метри квадратни сончеви панели кои не се лизгаат се инсталирани во мал парк во областа Глорис во градот, а се очекува тие да генерираат 7,560 киловатчасови годишно, што би било доволно за три домаќинства.

Градот ова го чинеше 30.000 евра, а остатокот го дополни производителот. Одржливоста на соларниот тротоар ќе се процени по шест месеци. Проектот во Барселона следува по поставувањето на 25-метарска лента од соларен циклус во Утрехт, Холандија минатата година. Електричната енергија од таа лента се користи за напојување на осветлувањето и исто така ја загрева патеката во зима за да спречи нејзино замрзнување.

Крајната цел на Барселона е во наредните пет години да се генерира доволно електрична енергија за 7,5 милиони луше, да се создадат над 15.000 работни места и да се намалат емисиите на јаглероден диоксид за 4,2 милиони тони.

Шпанските власти се надеваат дека на овој начин ќе ја намалат цената на електричната енергија и ќе им помогнат на граѓаните да станат независни од неколкуте енергетски компании кои доминираат во индустријата.

Шпанија сега е рангирана на 11-тото место во светот за соларна енергија и осмо за обновливи извори на енергија во целина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *