МАРЕЗ БЕШЕ „ПЕНИЦИЛИН“ ЗА ПСЖ, СИТИ ЌЕ ИГРА ФИНАЛЕ ВО ЛШ! (ВИДЕО)

МАРЕЗ БЕШЕ „ПЕНИЦИЛИН“ ЗА ПСЖ, СИТИ ЌЕ ИГРА ФИНАЛЕ ВО ЛШ! (ВИДЕО)

Манчестер Сити се радува на прво големо финале во Лигата на шампионите во својата историја, откако втор пат го доби ПСЖ, овојпат на својот „Итихад“ со 2-0 (1-0).

Пеп Гвардиола по долга пауза ќе се врати на големата сцена, ќе ги води „граѓаните“ во Истанбул на 29 мај, во најважниот натпревар во клупската историја. Шпанецот го надмудри аргетинскиот стручњак, Маурисио Почетино на спротивната страна и неговите „пулени“ со убедливи 4-1 го добија двомечот. Французите немаа одговор за расположениот Ријад Марез, кој со два голови денес и еден во Париз беше најкорисен на двомечот

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Дуелот во Англија го отвори досудениот пенал за ПСЖ, но бидејќи немаше игра со рака од Зинченко, главниот арбитар Куиперс ја смени одлуката. Парижани играа отворено, а тоа остави простор за контра. Голманот Едерсон со одлична топка до Зинченко ја стартува акцијата за првиот гол, а по одбиениот удар на Де Брујне, на втората статива налета Ријад Марез кој стрелаше за 1-0 во 11. минута. ПСЖ одговори со пречка на Маркињос, а голема шанса до полувремето испушти и Ди Марија кој промаши празна мрежа по лошо исфрлање на Едерсон.

По паузата, гостите тргнаа пак офанзивно, а прва опомена им испрати Фил Фоден кому Навас му одбрани зицер и уште една шанса. Сепак, Ријад Марез круниса уште една контра со гол, овојпат акцијата ја водеа Фоден и Де Брујне, а младиот Англичанец ја префрли топката на втората статива до Марез, кому не му беше тешко да реализира за 2-0 во 63. минута.

Фрустрацијата во редовите на ПСЖ беше огромна, а тоа резултира со директен црвен картон за Анхел Ди Марија. По еден вербален дуел со Фернандињо, Аргентинецот намерно го згазна противничкиот играч и го остави тимот на цедило. Почетино и ПСЖ се помирија со судбината и до крајот во делост се откажаа од идејата за враќање во игра. Сити беше близу и до трет гол, а најдобра шанса имаше Фоден кој погоди статива.

„Граѓаните“ на Пеп мудро го затворија натпреварот и го чекираа своето место за финалето на „Ататурк“ на 29 мај, а противник ќе биде подобриот од двомечот меѓу Челзи и Реал Мадрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *