БАБА НА 74 ГОДИНИ ЗАИГРА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕНИСКИ ТУРНИР

БАБА НА 74 ГОДИНИ ЗАИГРА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕНИСКИ ТУРНИР

Гаил Фалкенберг од САД ја испиша својата тениска историја на ИТФ турнирот во Флорида кога реши да игра на професионален турнир на свои 74 години. За својот камбек во професионалниот тенис, Фалкенберг вежбала три години. Очекувано, таа беше поразена од 20-годишната французинка Тифани Пике со 6:0, 6:0.

„Играњето тенис ме држи здрава. Играм пет до шестпати неделно и немам тренер. Младите играчи сега се многу подобри од претходно. Тениското ниво неверојатно е напреднато. Порано со тенисот не се почнуваше толку рано, денеска децата од пет години се со рекетот во раце“,

вели 74-годишната тенисерка

Бабата кога играше пред три години, успеа да ѝ земе два гејма на 52 години помладата тенисерка, Софи Кернет. Најдобриот период на Фалкенберг ѝ беше во далечната 1987 година, кога беше на 360. позиција на ВТА-листата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *