СЕ РАЗВЕДУВААТ БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС

СЕ РАЗВЕДУВААТ БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда се разведуваат по 27 години брак.

Мултимилијардерот и неговата сопруга објавија дека се разведуваат со идентичен текст на Твитер. Според објавата, планираат да тргнат по одвоени патишта, но имаат намера заедно да продолжат со работењето во влијателната Гејтс-фондација. 

„Во изминатите 27 години израснавме три неверојатни деца и создадовме фондација која ширум светот се залага за да им овозможи на луѓето здрав и продуктивен живот“, објаснуваат Бил и Мелинда, наведувајќи дека таа мисија ќе ја продолжат, „но веќе не веруваме дека како двојка можеме заедно да раснеме во наредната животна фаза“.

Досегашните сопружници ја основаа и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во 2000 година, со која управуваат скоро 50 милијарди долари и се смета за најголема приватна фондација во светот.

Според „Њујорк Тајмс“, нивниот развод веројатно ќе предизвика шок во светот на филантропијата, бизнисот, но и јавното здравство.

Понатаму, разводот го покренува прашањето за иднината на огромното богатство на Гејтс, а голем дел сè уште не е дониран на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Форбс го проценува богатството на Бил Гејтс, основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт, на дури 124 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *