БРАЧЕН ПАР ИЗБЕГАЛ ОД СТАРЕЧКИ ДОМ КОРИСТЕЈЌИ МОРЗЕОВА АЗБУКА

БРАЧЕН ПАР ИЗБЕГАЛ ОД СТАРЕЧКИ ДОМ КОРИСТЕЈЌИ МОРЗЕОВА АЗБУКА

Брачен пар згричен во домот за стари и немоќни лица „Елмкрофт“ во Тенеси, успеал да побегне благодарение на Морзеова азбука. Парот страдал од деменција и боледувал од Алцхајмерова болест, но некако успеале да го дешифрираат и запаметат кодот на електронската врата во нивниот дом, објави „Nashville Tennessean“.

Побегнале од домот околу 30 минути пред случаен минувач да ги забележи близу нивното живеалиште. Сопругот рекол дека претходно работел со Морзеова азбука додека бил во војска и го искористил искуството за да го меморира кодот со кој вработените влегувале. Заедно со неговата сопруга успеале да ја отклучат вратата и да го напуштат домот.

Државните службеници го казниле домот за стари лица со 2.000 американски долари поради бегството. Од институцијата велат дека ги смениле сите кодови за излез и ќе спречат слични инциденти со почести проверки.

„Безбедноста е главниот приоритет на нашата заедница за стари лица. Благодарни сме што парот беше безбедно вратен во домот. Ние веднаш ја пријавивме ситуацијата до надлежните и нивното семејство и целосно соработувавме со државата“,

рекле од домот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *