ЏЕЈ ЛО И БЕН АФЛЕК ВИКЕНДОТ ГО ПОМИНАЛЕ ЗАЕДНО

ЏЕЈ ЛО И БЕН АФЛЕК ВИКЕНДОТ ГО ПОМИНАЛЕ ЗАЕДНО

Изгледа полека, но сигурно, шпекулациите за љубовта на Џенифер Лопез и Бен Афлек стануваат вистина.

Поп-ѕвездата и холивудска актерка, Џеј Ло, беше видена како минува време со 48-годишниот актер за време на викендот, а извори блиски до Џенифер и Бен откриваат дека двајцата сè уште одржуваат блиско пријателство и симпатии откако нивната двегодишна врска заврши во 2004 година.

„Тие поминаа доста време заедно во Лос Анџелес во текот на изминатата недела. Имаат многу љубов еден кон друг. Тие секогаш се восхитувале еден на друг,“ објави магазинот „Пипл“, цитирајќи анонимен извор.

Џенифер (51) повторно се здружи со Бен по разделбата со нејзиниот сега веќе поранешен свршеник Алекс Родригез со кого беше во врска четири години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *