„EBAY“ СЕ МОДЕРНИЗИРА: МОЖЕ ДА СЕ КУПУВА СО КРИПТОВАЛУТИ

„EBAY“ СЕ МОДЕРНИЗИРА: МОЖЕ ДА СЕ КУПУВА СО КРИПТОВАЛУТИ

Американската платформа за интернет трговија eBay нуди можност за плаќање со криптовалути во иднината, објавија од компанијата. Извршниот директор на платформата, Џејми Ијаноне во интервју за Си-Ен-Би-Си истакна дека покрај криптовалутите, се разгледува и можноста за прифаќање на виртуелни валути.

„Ние секогаш ги разгледуваме најрелевантните форми на плаќање и ќе продолжиме да даваме такви проценки и во иднина. Немаме непосредни планови, но тоа е (криптовалути) нешто што внимателно ќе го разгледаме”,

се наведува во соопштението на компанијата

Од eBay додаваат дека се разгледуваат „бројни опции“ за влез во просторот на незаменливите токени (NFT). NFT токенот не може директно да се разменува за традиционална валута бидејќи во споредба со криптовалутите, секој NFT е уникатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *