ЕЛОН МАСК: НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ УМРЕМЕ НА ПАТ КОН МАРС

ЕЛОН МАСК: НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ УМРЕМЕ НА ПАТ КОН МАРС

Во својата последна изјава, Елон Маск даде свое предвидување како би изгледало неговото патување на Марс, а некои од предвидувањата се прилично негативни.

„Можеби ќе умрете, ќе биде непријатно и веројатно нема да имате добра храна“, рече Маск, додавајќи дека тоа би било „болно и опасно патување на кое можеби нема да се вратите живи“.

„Искрено, еден куп луѓе веројатно ќе умрат на почетокот“, додаде тој, но инсистираше на тоа дека тоа би било „славна авантура и ќе биде неверојатно искуство“.

Тоа „не е за секого“, рече тој.

Програмата „Space X“ на Маск лансираше повеќе од 100 ракети во текот на изминатата деценија. Неколку експлодираа или на друг начин се срушија. Маск го предвидел слетувањето на Марс од страна на луѓето до 2026 година, а во својата визија за иднината видел повеќемилионски град на Црвената планета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *