МАРК ВОЛБЕРГ ЗА НЕГОВАТА НАРЕДНА УЛОГА СЕ ЗДЕБЕЛИ 14 КИЛОГРАМИ

МАРК ВОЛБЕРГ ЗА НЕГОВАТА НАРЕДНА УЛОГА СЕ ЗДЕБЕЛИ 14 КИЛОГРАМИ

Марк Волберг сподели фотографија со цел да ја прикаже трансфромацијата која ја направил за да се припреми за неговата најнова улога. 49-годишниот актер ќе глуми боксер кој станал свештеник во драмата „Father Stu“, што побарало од него да качи речиси 14 килограми за шест недели.

„Откако ќе ги снимиме сцените со боксување, ќе мора да ја зголемам тежината колку што можам повеќе. Продуцентите сакаа да се здебелам на што е можно поздрав начин, но јас им реков дека цел живот сум на режими, нека ме остават да јадам што ќе стигнам. Сакам да одам во пекара, да јадам палачинки, сѐ што ќе ми дојде при рака“,

изјави Волберг во интервју за Џими Кимел

Сепак, Волберг е навикнат на вакви промени. Во 2013, тој качи речиси 20 килограми мускулна маса за улогата на бодибилдер во филмот „Болка и игра“, како и во 2016 кога накачи 27 килограми за филмот „Deepwater Horizon“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *