МУРИЊО СЕДНА НА ТРЕНЕРСКОТО СТОЛЧЕ НА РОМА

МУРИЊО СЕДНА НА ТРЕНЕРСКОТО СТОЛЧЕ НА РОМА

Жозе Мурињо беше поставен на тренерското столче на Рома кога ќе започне наредната сезона. 58-годишниот португалец ќе го замени својот сонародник Пауло Фонсека, кој во вторникот најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

„Специјалниот“ доби „клоца“ од Тотенхем на 19. април, а сега потпиша тригодишен договор со трократниот Серија А шампион.

„Огромната страст на навивачите на Рома ме убедија да ја прифатам работата и едвај чекам да започнам наредната сезона. Му благодарам на Фридкин семејството што ме избра мене да го предводам овој клуб. По средбите со сопствениците и Тиаго Пинто, веднаш ги сфатив нивните амбиции“,

изјави Мурињо

Претходната авантура на Мурињо во Италија беше прилично успешна кога заедно со Интер ја освои италијаснката титула два пати, како и Лигата на Шампиони и Копа Италија. Последен пат Рома ја освоија Серија А во сезоната 2000/01, кога англискиот менаџер Фабио Капело беше на чело на клубот.

„Кога Мурињо стана достапен, веднаш скокнавме на можноста да зборуваме со еден од најдобрите менаџери на сите времиња“,

изјави генералниот менаџер на Рома, Пинто

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *