ПОРАНЕШЕН ОЛИМПИСКИ БОКСЕР ЈА ДРОГИРАЛ И УБИЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ЉУБОВНИЦА

ПОРАНЕШЕН ОЛИМПИСКИ БОКСЕР ЈА ДРОГИРАЛ И УБИЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ЉУБОВНИЦА

Порториканскиот боксер, Феликс Вердехо е обвинет за киднапирање и брутално убиство на неговата бремена љубовница Кишл Марлен Родригез Ортиз. Тој се предал на полицијата во Сан Хуан кратко откако било пронајдено мртвото тело на 27-годишната жена за која се верува дека е неговата бремена љубовница.

Доказите покажуваат дека нејзиното тело било фрлено во лагуна откако била претепана и дрогирана. Сè се случило по наводната средба со Вердехо и барем уште еден учесник, пишува BoxingScene.

Во извештајот стои дека Вердехо ја контактирал Родригез на 27. април и кога дознал дека го носи неговото дете еден месец, тој наводно ја убедувал да абортира. Историјата на повици покажува дека боксерот ја контактирал Родригез во четвртокот и побарал да се состанат во автомобилот на Феликс.

Возилото одговарало на описот на возилото што камерата го фатила во близина на лагуната каде било пронајдено мртвото тело. Сведокот тврди дека боксерот ја удрил љубовницата во лицето и потоа ја издрогирал. После тоа, заедно со сведокот, ги врзале рацете и нозете на жртвата и ја одвеле дрогираната жена до мостот Теодоро Москосо и ја фрлиле во вода.

Вердехо потоа пукал од пиштол кон Родригез. Мртвото тело било пронајдено во саботата, а лицето било толку изобличено што била идентификувана само преку забен запис.

Случајот го презеде ФБИ и се чека судскиот процес против Вердехо.

Вердехо е 27-годишен боксер со прекар Ел Дијаманте, кој во текот на својата кариера забележал 27 победи и два порази, а се натпреварувал во лесна категорија. Последен пат се борел на 12 декември 2020 година, кога бил поразен од Јапонецот Масајоши Накатани со технички нокаут. Исто така вреди да се напомене дека во 2012 година тој го претставувал Порторико на Олимписките игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *