ПРОБИЕНА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПЛАТФОРМИ ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

ПРОБИЕНА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПЛАТФОРМИ ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

Германското обвинителство вели дека пробиле една од најголемите светски платформи за детска порнографија, пренесуваат „Еуроњуз“. Веб страната „Бојстон“ ја користеле над 400.000 регистрирани корисници.

Педофили ја употребувале платформата за да споделуваат и гледаат порнографија со деца и деца под три години, најчесто момчиња од целиот свет. Детективите истакнале дека пронашле „фотографии од најтешко сексуално насилство врз деца од 12 до 16 месеци“ помеѓу фотографиите и видео материјалот. Обвинителите од Франкфурт во своето соопштение изјавиле дека заедно со федералната полиција во средината на април започнале да истражуваат за три осомничени кои биле администратори на платформата.

Подоцна тие биле уапсени заедно со еден германски корисник. Еден од трите осомничени бил уапсен во Парагвај.

Во случајот соработувале различни полиции, како и Европол. Помеѓу трите главни осомничени биле 40-годишен човек од Падерборн, 49-годишен човек од Минхен и 58-годишен човек од северниот дел на Германија, кој живеел во Парагвај неколку години.

Обвинителите нагласиле дека работеле како администратори на сајтот и давале податоци за тоа како корисниците да ги заобиколат законите при користењето на платформата.

Четвртиот осомничен, 64 годишен жител на Хамбург, е обвинет како најактивниот корисник на платформата кој начелно споделил 3.500 објави. Поради германскиот закон за приватност, не се објавени имињата на осомничените. Но, по полициската акција во средината на април, веб страната не функционирала.

Германскиот закон за приватност превентира да се објават имињата на осомничените, а веб страната не функционира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *