РУСКИ БЛОГЕР ГЛАДУВАЛ 40 ДЕНА – ПОЧИНАЛ НА САМИОТ КРАЈ

РУСКИ БЛОГЕР ГЛАДУВАЛ 40 ДЕНА – ПОЧИНАЛ НА САМИОТ КРАЈ

Рускиот блогер Виталиј Виграновски се обидел да гладува 40 дена. На својот Јутјуб канал тој најавил дека ќе се обиде да издржи 40 дена без храна. Експериментот го започнал во март во Москва, а по десетина дена признал дека се чувствува лошо и го нервира „градската атмосфера“.

По тој повод, 39-годишниот блогер отпатувал за Абхазија каде продолжил со гладувањето. По дваесетина дена изјавил дека чувствува „целосно чистење“, губејќи многу маса и сила за било каква физичка активност. Експериментот го продолжил и покрај фактот што „чувствувал дека умира“.

„И како помина? Тоа е само игра што ја прифатив. Многу е интересно. Нема повеќе паразити, нема повеќе желба за храна. Телото е целосно обновено, секоја клетка“,

рече Виграновски

За жал, тој требало да го следи својот инстинкт бидејќи личности блиски со блогерот откриле дека тој починал на самиот крај на гладувањето, а причината за смртта и понатаму е непозната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *