ШТО ЌЕ СЛУША ДОЗНАЈ.МК ОВАА НЕДЕЛА?

ШТО ЌЕ СЛУША ДОЗНАЈ.МК ОВАА НЕДЕЛА?

Со еден ден празнично задоцнување, тимот на Дознај.мк ви ги носи предлозите за квалитетна музика оваа недела!

Дамјан Темелкоски

Со оглед на тоа што изминатиов месец на Нетфликс ја комплетирав со гледање „Брзи и Бесни“ сагата и направив некои мини-фенси модификации на моето возило, можам да кажам дека овој период музичкиот вкус беше исклучиво инспириран од таквите настани и своевремена поп-култура на која сум се воодушевувал од детството, па се до денес. Затоа првиот предлог од мене ќе биде „Riders On The Storm“ ремиксот со Снуп Дог, кој е главната песна на една од најдобрите „Need For Speed“ игри, легендарната „Underground 2“!

На второто место е првата песна која се појавува во „Брзи и Бесни“ франшизата, поточно на една од првите сцени од првиот дел, кога Пол Вокер ќе се појави со своето Мицубиши Еклипс, во перфектна „lime“ зелена боја. Воедно ова е една од омилените песни на мојот пријател Бране..поздрав до него.

За крај уште една песна од „Брзи и Бесни“ сагата, од можеби највозбудливото продолжение, лоцирано во Токио. „Токио Дрифт“ за прв пат публиката ја запознава со тогашниот тренд во гејминг индустријата, а тоа е дрифтањето, нешто кое своевремено го популаризираше „Need For Speed“. Помалку е морничаво тоа што точно знам на која сцена се појавуваат песниве…оваа песна почнува да тече кога за прв пат главниот протагонист Шон ќе биде запознаен со неговиот нов Мицубиши Лансер, во кармин црвена боја.

Филип „Dr.Lorre“ Ѓоршовски

После месец дена се вратив во Скопје и патот и денот мораше да е одбележан со прекрасни музички дела.

Најпрво одиме со утринскиот екс-ју хит за размрдување на сетилата и мислам рандом изборот на јутјуб беше одличен. Digni ruku од српскиот бенд Galija ме раздвижи доволно добро за да можам да го почнам работниот ден. Уживајте!

Низ текот на работниот ден стандард рокче и од нигде никаде се исфрли песна која ме потсети на едни љубови тешки, на едни маки големи, ко ќе си млад и единствена мака ти е да си заљубен. The Hooters со Johnny B ќе го погоди секое напатено машко срце со неостварена љубовна приказна, а и така да си ја слушате е супер песниче.

За вечерва можам само да ви препорачам нешто од еден од најдобрите гитаристи во Охрид, Македонија и на планетава. Владимир Четкар е феноменален музичар и секоја негова песна, па дури и нота има посебна емоција. Ќе ви препорачам една песна, а вие сами слушнете ги сите други. Оваа песна потсеќа на едно прекрасно лето, на плажата Лабино и концерт на Четкар. Публиката во кајчиња… Абе ич да не ви расправа и тоа го имате на јутјуб. Уживајте во ова прекрасно дело.

Останете ми со добра мисла и со здравје.

Марко Гулевски

Неделава ќе бидат малку порелаксирачки мелодии од моја страна, па ќе започнам со Chromatics, нивната нумера „Bells“, која има прилично пријатна атмосфера за ноќно возење кое ве возвишува на ново ниво.

Наредната нумера доаѓа од инди-фолк бендот Daughter кои ги дознав благодарение на видеоиграта „Life is Strange“.

И како последна имаме уште една нумера за која дознав благодарение на светот на видеоигрите, а станува збор за Poets of the Fall за кои дознав благодарение на Remedy игрите „Alan Wake“ и „Max Payne“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *