ДЕНЕС Е ДЕНОТ НА „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“!

ДЕНЕС Е ДЕНОТ НА „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“!

Секоја година, на 4 мај, обожавателите на „Војна на Ѕвездите“ го слават овој ден како дел од светски познатата франшиза за научна фантастика, со организирање на разни видови настани, од специјални понуди на Интернет до организирање забави ширум светот.

Денес е одличен изговор за да се потсетите на вашата омилена сага секоја година на овој ден, но и да се почестите со нова видео игра, стрип или некој сувенир.

Оваа година е особено интересна за љубителите на „Војна на Ѕвездите“ бидејќи на Дизни плус започнува сосема нова анимирана серија „Bad Batch“, која ќе го следи тимот на клонови кои „владеат“ по падот на Републиката. Денешниот датум се обележува од 2011 година под името „Денот на војни на ѕвездите“, откако обожавателите ширум светот започнаа да ја користат фразата – „Нека е четвртиот со тебе“ (May The 4-th Be With You).

Секако, изразот се однесува на култната реченица од „Војна на Ѕвездите“: „Нека силата е со тебе“, што ликовите честопати ја кажуваат со цел да си посакаат среќа во опасните мисии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *