ВИЛ СМИТ ИСКРЕНО: ВО ПОЛОША ФОРМА НЕ СУМ БИЛ ВО ЖИВОТОТ

ВИЛ СМИТ ИСКРЕНО: ВО ПОЛОША ФОРМА НЕ СУМ БИЛ ВО ЖИВОТОТ

Некогаш еден од најдобро градените американски актери, холивудската легенда Вил Смит, на социјалните мрежи објави фотографија на која е облечен до толку опуштено, што изгледа дури комично, со горна тренерка и боксерски. Поентата е со фотографијата искрено да сподели со сите дека е во најлошата физичка форма во својот живот.

Ф

„Ќе бидам искрен – јас сум во најлоша форма во мојот живот“, напиша тој под фотографијата на која се гледа заоблениот стомак и здебеленото лице.

Објавата собраа скоро четири милиони лајкови.

“Ти си Вил Смит. Можеш да бидеш во каква форма сакаш”, “Генијален”, “Ова е најдобриот пост во историјата на социјалните медиуми”, “Ајде да бидеме реални, имаш 52 години и изгледаш одлично” „Вие сте во одлична форма поголемиот дел од вашиот живот.“ „Заслужувате пауза“, се само некои од коментарите под објавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *