ХЕРТА ГО ИЗБРКА ЛЕМАН ПОРАДИ РАСИЗАМ

ХЕРТА ГО ИЗБРКА ЛЕМАН ПОРАДИ РАСИЗАМ

Јенс Леман беше консултант во Херта Берлин и беше во тесна врска со раководните структури, но сега треба да каже збогум на оваа соработка. Поранешниот германски голман испратил расистички коментари на Денис Аого, поранешен играч на Шалке кој исто така беше и германски репрезентативец.

Од оваа причина, Леман експресно го загуби своето работно место. Направен е скриншот од пораките кои ги размениле двајцата и тоа остава црна дамка над иднината на поранешниот чувар на мрежите.

„Ваквите пораки на еден наш член не одговараат со вредностите кои ги има и за кои се залага Херта. Ние водиме кампања против расизмот и Херта се дистанцира од било каква форма на расизам. Затоа го поздравуваме потегот за отказ на Леман“,

изјави претседателот на Херта, Вернер Гегенбауер

По објавената информација, Леман испрати уште почудна порака преку социјалните мрежи, во која наместо извинување, се обиде да објасни дека Аого ги искористил своите коментаторски врски во „Скај“ за да направи поголема работа од целата ситуација на која тој гледал како шега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *