НЕ СИ ЈА НАУЧИ ЛЕКЦИЈАТА: ГРОЖАН ПОВТОРНО СЕДНА ВО ФОРМУЛА

НЕ СИ ЈА НАУЧИ ЛЕКЦИЈАТА: ГРОЖАН ПОВТОРНО СЕДНА ВО ФОРМУЛА

Францускиот возач, Роман Грожан се враќа во светот на Формула 1 за прв пат по речиси фаталниот судар кој го имаше за големата награда на Бахреин минатата година. 35-годишниот Французин го замени болидот на Хас со Мерцедес и истиот ќе го тестира на патеката „Пол Рикард“ во Франција.

Грожан едвај се спаси од огнот кој го обвиваше и избега како на филм од запалениот болид на Хас и го привлече вниманието на целиот свет. Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф го повика Роман да соработуваат и по тој повод на 29. јуни ќе застане зад воланот на болидот на Хамилтон од 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *