АЛИОСКИ СЕ ДОГОВОРИЛ СО ГАЛАТАСАРАЈ!

АЛИОСКИ СЕ ДОГОВОРИЛ СО ГАЛАТАСАРАЈ!

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, иако во последните неколку месеци е стандарден во првата постава на Лидс Јунајтед, се почести се шпекулациите за негов трансфер на крајот од оваа сезона.

Иако Џани е голем миленик на фановите на Лидс, најверојатно нема да ја продолжи соработката со англискиот тим. Изминатава година постојано се менуваа информациите за епилогот на неговата трансфер сага, но по сè изгледа неговата следна дестинација ќе биде турски Галатасарај.

Според „Фотомак“ се е договорено, а истиот извор пренесува дека Џани побарал да не биде објавена спогодбата уште сега, за да не ги налути фановите на Лидс кој се надеваа на негово останување во клубот. Но тоа не е единствената причина. Помеѓу Галатасарај и Лидс постои омраза уште од пред 20 години кога навивачи на англискиот прволигаш беа избодени до смрт во Истанбул.

Левиот бек оваа сезона има настапено на 32 мечеви во ПЛ, постигнато два гола и забележано една асистенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *