АНТИКОРУПЦИСКА: ВЛАДАТА УПЛАТИЛА ГАРАНЦИЈА ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ, А НЕ АВАНС

АНТИКОРУПЦИСКА: ВЛАДАТА УПЛАТИЛА ГАРАНЦИЈА ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ, А НЕ АВАНС

Државната комисија за спречување на корупција информираше дека Министерството за здравство парите кои и ги уплатил на Starbi international во висина од 7,8 милиони долари за да ги набави за Македонија вакцините од компанијата Синфарм биле гаранција, а не аванс.

Од „Антикорупциска“ ова го дадоа денеска како одговор на денешниот брифинг, откако вчера Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја покажа уплатата.

„Ги пратиме не само тие објави, имаме предмет за вакцините, пред крај сме со целиот предмет, имаме информации кои не се уште целосни, целата таа приказна е сензитивна и треба да се размисли со ладна глава.

И ние имаме документ од Народна банка од 7,8 милиони долари исплатени на 15 февруари кои Народна банка ги има реализирано во корист на Стабри Хонк Конг. Министерството нема исплатено аванс на правно лице, туку извршило средства на име гаранција за да се изврши количеството врз однова на заклучоците на затворената сендица на Владата на 7 февруари.

Преку координација со кинеската амбасада Владата одлучила да ги прекине активностите и ги побарала назад уплатените средства За операционализирање на таа одлука на 16 март го задолжила министерството да ги прекине сите активности, односно парите се вратени назад од Стабри и нема извршено никаква исплата, туку склучила договор директно со Синофарм. Други детали се класифицирани со клузула за тајност во договорот. Не сакаме поради поларизацијата да се ставаме во корист на било која политичка партија“, рече денеска Горан Трпеноски, членот на ДКСК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *