АВАЈА: НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ОД ТОЛКОВНИОТ РЕЧНИК

АВАЈА: НАВРЕДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ЗА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ОД ТОЛКОВНИОТ РЕЧНИК

Граѓанската иницијатива АВАЈА, која постојано го крева гласот за ромското малцинство и се бори за неговите права и еднаквост во земјата, остро реагираше на вчера објавениот “Толковен речник на македонскиот јазик“, во кој наместо да бидат извадени, беа оставени расистичките зборови кои се користат против ромската заедница.

Вчера АВАЈА го напиша следното:

Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот ❗❗❗Денеска Владата на РСМ ја промовираше веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик.Дигиталниот Толковен речник содржи 100.000 зборови меѓу кои и ЦИГАНЧЕ, ПОЦИГАНИ, ЦИГАНЧИ СЕ, ЦИГАНШТИЈА И ЦИГАНШТИЛАК!Сите овие зборови во македонскиот јазик се користат како навредливи зборови кон ромската заедница❗❗❗Овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање.Бараме овие зборови да бидат тргнати од дигиталниот речник❗

По бурните реакции и негодувања, видно изразени на социјалните мрежи, владата одговорила на критиките и ветила дека навредливите зборови ќе бидат тргнати од речникот.

АВАЈА го напишаа следното околу како ова се одвивало:

„Ве информираме дека до Аваја пристигна допис од Владата на РСМ во однос на навредливите зборови кон ромската заедница во “Толковниот речник на македонскиот јазик” промовиран на дигиталната платформа makedonski.gov.mk“.

Од Институтот за македонски јазик велат дека ги разбираат реакциите на ромската заедница и информираат дека зборовите ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“.

Од Владата информираат дека претставници на Владата и од МОН стапиле во контакт со редакцијата на “Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш било покажано разбирање и согласност зборовите што ги предизвикаа реакциите да бидат повлечени. Стручниот тим на речникот во наредниот период ќе изврши ревизија на лексемите во речникот и ќе следи процес низ кој зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *