ЏЕФ БЕЗОС КУПУВА ЈАХТА ДОЛГА 127 МЕТРИ!

ЏЕФ БЕЗОС КУПУВА ЈАХТА ДОЛГА 127 МЕТРИ!

Џеф Безос има нови планови кои, овој пат, вклучуваат огромна мегајахта.

Креаторот на Амазон нарача јахта долга дури 127 метри од холандската компанија „Океанко“, се наведува во извадокот од книгата „Amazon Unbound“ од Бред Стоун, објавена во Блумберг Бизнисвик.

Овој брод со три јарболи се очекува да биде една од најдобрите јахти во светот, но други детали за јахтата сè уште не се познати, дури ни во светот на луксузните бродови, според Стоун.


Покрај мега-јахтата, Безос наводно купил и друга, помала јахта, која ќе има и хелиодром. Девојката на Безос, Лорен Санчез е пилот за хеликоптери, а Стоун наведува дека Безос одел и на часови по летање, пренесува Yahoo News.

Иако огромните јахти се чест „додаток“ на ултрабогатите, Безос, кој е најбогатиот човек на светот со 193 милијарди долари, претходно немал ниту еден брод. Поради виралната фотографија од 2019 година, се тврди дека Безос е сопственик на „Летечката лисица“, јахта вредна 400 милиони долари, но Амазаон ги демантираше овие тврдења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *