ЧУДО ВО МАРОКО: ЖЕНА РОДИ ДЕВЕТ БЕБИЊА (ФОТО)

ЧУДО ВО МАРОКО: ЖЕНА РОДИ ДЕВЕТ БЕБИЊА (ФОТО)

25-годишната Халима Киси од Мали, им даде живот на девет бебиња – пет девојчиња и четири момчиња. Тоа било за две повеќе отколку што очекувале кога лекарите претходно виделе на ултразвук.

„ Киси роди пет девојчиња и четири момчиња со царски рез и сите се чувствуваат добро“,

изјавила д-р Фанта Сиби, министерка за здравство на Мали

Сиби додала дека породувањата за време на кои се раѓаат девет бебиња се многу ретки, компликациите се чести, па се случува новороденчињата да не преживеат и притоа им честиташе на членовите на двата медицински тима за среќниот крај.

Мали навистина со големо внимание ја пратеше бременоста на Хлима, дури и кога се сметаше дека ќе роди седум бебиња. Докторите биле загрижени за здравјето на мајката, како и дали бебињата се преживеат, па и власта се вклучила во пружање помош.

„По двонеделен престој во болница во Бамако, главниот град на Мали, донесена е одлука Халима да се префрли во Мароко на 30 март„,

рекла Сиби

Мајката и бебињата се очекува да ја напуштат болницата здрави и среќни во текот на наредните неколку недели. Тие се чувствуваат добро и би требало да се вратат во Мали за неколку недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *