ДАВИДОВСКИ И ЏИРОЛАМИ ВИКЕНДОВ СТАРТУВААТ СО ТЦР ЕВРОПА!

ДАВИДОВСКИ И ЏИРОЛАМИ ВИКЕНДОВ СТАРТУВААТ СО ТЦР ЕВРОПА!

Нашиот Виктор Давидовски со својот „ПСС Рејсинг“ викендов во Словачка ја започнува и својата четврта сезона во Европското ТЦР првенство во автомобилизам. Од оваа сезона нему ќе му се приклучи и Франко Џиролами, со што екипата прв пат ќе има двајца возачи.

„Во оваа сезона влегуваме со голема мотивација бидејќи лани ни беше дозволен настап само на две трки, па се надеваме дека оваа сезона глобалната здравствена ситуација ќе овозможи спортот да се врати во нормала. Одработивме повеќе тестови, а последниот од нив беше токму на патеката крај Братислава. Имаме претстава за патеката, иако тогаш возевме по мошне ладно време, но сепак главен фактор очекуваме да биде промената на пневматиците. Минатите сезони возевме со Јокохама, од оваа сезона сите автомобили ќе ги користат гумите на Ханкук, кои се забележливо потврди и имаат поинакви карактеристики. Целта е секогаш иста, да се претставиме во најдобро светло и да се бориме за подиум“, изјави Давидовски.

Организаторите најавија дека во ТЦР Европа има 22 пријавени возачи, а бранител на трофејот е Мехди Бенани. Предвидени се седум трки, при што освен Словачка, сите други се домаќини и на трки од Формула 1 првенството (Пол Рикар, Зандворт, Спа Франкоршамп, Нирбургринг, Монца и Каталуња).

Првата трка е в сабота во 15.15 часот, додека втората е во недела во 13.55 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *