ДИ КАНИО: МУРИЊО Е НАЈЛОШ МЕЃУ НАЈЛОШИТЕ

ДИ КАНИО: МУРИЊО Е НАЈЛОШ МЕЃУ НАЈЛОШИТЕ

Паоло ди Канио го коментираше назначувањето на Жозе Мурињо за тренер на Рома.

Тој е познат како голем навивач на Лацио, но очигледно не е голем фан ниту на „специјалниот“.

“Мурињо е најлош од најлошото. Тој не успеа на секој замислив начин и игра анти-фудбал. Разбирам дека на Рома и требаше големо име во овој момент, но тоа е исто како да потпишуваш играч кој е готов. Мурињо сакаше работа само поради пари. Три пати бил отпуштен во последните четири години, бил отпуштен секаде каде што работел поради неговиот карактер. Порано беше поинаков и имаше карактер. Сега Тотенхем му даде клоца за резултатите и неможноста да го одведе тимот на друго ниво по две поминати години“, рече Ди Канио.


Ди Канио повтори дека Мурињо е најлошото можно решение за реконструкција на тимот.

“Со оглед на ситуацијата на Рома, тој можеби за некој е добар извор. Можеби очекуваат кој знае што, но јас ви велам дека тој е најлошото од најлошото. Тој дури и не игра фудбал, тој игра анти-фудбал. Може да уживате во неколку конференции затоа што неговата полемика прави добар театар, но јас ти велам – за реконструкција на тимот, тој е најлошиот што можете да го добиете. Можам да го кажам тоа, бидејќи тој ми беше омилен пред седум години, дури и повеќе од Пеп Гвардиола“, додаде тој.

Мурињо ќе ја преземе Рома следното лето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *